Природата ја награди- 41 годишна жена од Шкотска по трет пат родила близнаци
Објавено на 11 февруари, 2016 во 08:59
Ова е приказна за една мајка од Шкотска која ја нарекуваат чудо на природата. Таа три пати по ред останала бремена и три пати се породила, во својата утроба носела близнаци.
Карен и Колин не се обични родители. Пред 16 години Карен родила близнаци, Луис и Кајл, а потоа кога повторно била бремена, повторно носела близнаци. Две години подоцна Карен родила уште два сина, за после неколку години да се случи уште едно чудо. Верувале или не, оваа жена по трет пат носела близнаци, што навистина е реткост.
Извор: Локално.мк