Нов Гинисов рекорд во гледање телевизија – 92 часа
Пет млади Австријци постигнаа нов светски рекорд во гледање телевизија – 92 часа, соопштија денеска организаторите на тој натпревар, наречен „маратон на каучот“ во еден трговски центар во Виена.
– Сепак, не им беше лесно – призна Мориц Арнолд, главен организатор на манифестацијата и додаде дека новиот рекорд го признала Гинисовата книга на рекорди.
Избрани меѓу 400 кандидати, пет млади Австријци од 19 до 24 години имале право на петминутна пауза на секој еден час, во текот на која обично оделе да се истушираат или во тоалет.
Натпреварувачите имале на располагање собни велосипеди за да останат будни, како и кафе и енергетски напивки по избор.
Претходниот рекорд во гледање телевизија е постигнат во декември 2014 годин кога екипа млади во Торонто минале пред малите екрани вкупно 91 час.
Извор: Плусинфо