Гледачите огорчени: Популарна турска серија го исплука Дубровник и неговите жители
Гледач на популарната турска серија „Туѓ живот“ (Fate te lidhura) од Дубровник воочил прилично потценувачки однос кон својот град и сограѓаните, кои сценаристите од серијата поради некоја причина го искажале, пренесува хрватски „Индекс.хр“.
Епизодата толку многу го вознемирила што смета дека со неа треба да се занимаваат надлежните институции.
Гледачот се јавил во дубровничкиот весник, а неговата реакција ви ја пренесуваме во целост:
„Во понеделникот навечер, во терминот на Нова ТВ беше прикажана епизода од турската серија „Туж живот“ во која без никава смисла се исплука градот Дубровник. Во една сцена двајца луѓе разговараат за заминување на медицинска рехабилитација во Дубровник, а еден од ликовите се жали дека не е лесно да се зборува со жителите на Дубровник, бидејќи тие не разбираат англиски. Тие заклучуваат дека жителите на овој град не знаат да зборуваат на англиски, бидејќи со години живеле зад „Железната завеса“, и дека јазикот го научиле неодамна. Не знам кој го пишувал ова сценариот, ниту пак ме интересира, но не ми е јасно зоштои не ги проверат фактите, бидејќи серијата е снимена неодамна, во 2014 година. Жителите на Дубровник, на пример, подобро зборуваат англиски од Италијанците, Шпанците или Португалците. Освен тоа, и во Југолсавија за времето на како што велат тие „Железната завеса“, исто така туристичките работници зборувале англиски па дури и други јазици“ – стои во реакцијата на гледачот.
Тој додал дека турската серија „Туѓ живот“ е гледана во Хрватска, а веројатно е гледана и во други делови на Европа, па со овој дијалог му е нанесена штета на туризмот во Дубровник, бидејќи потенцијалните гости можеби утре нема да го изберат Дубровник, бидејќи, како што наведуваат авторите на оваа серија, не е лесно да се комуницира со Дубровчани.
„Мислам дека надлежните институции во Хрватска треба да им испратат протесна нота на авторите на серијата, и дека треба да се извинат“ – го завршил своето излагање овој револтиран Хрват.
Извор: Плусинфо.мк