Стогодишна баба урна светски рекорд
Ајда Келинг, американска стогодишна баба постави нов рекорд во атлетската дисцплина трчање на 100 метри за жени од 80 и повеќе години.
Ајда на 122-иот најстар американски атлетски маратон „Penn Relays“ во западна Филаделфија истрча 100 метри за една минута и 17 секунди.
Ајда од 2011 година го држи и рекордот во трчање на 60 метри за жени на возраст од 95 до 99 години.
Келинг почнала да се занимава со атлетика во 67-та година од животот, по семејната трагедија во која се убиени двајца нејзини синови, соопштила нејзината ќерка Шели.
– Тоа беа мрачни времиња. Беше многу вознемирена. Еден ден ѝ реков дека ја водам на трчање и минавме патека долга три километри. Тоа беше почетокот на нејзината тркачка кариера и голем лек за неа – рекла Шели.
На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Ајда одговорила: „На љубовта кон себе!“.
– Сакајте се себе. Јадете здрава храна и вежбајте секој ден најмалку по 10 или 15 минути – рекла таа.
Ајда Келинг е родена во Харлем во Њујорк во 1915 година.
Нејзиниот сопруг починал во 42-та година од животот после што самостојно се грижела за нејзините четири деца. Поради проблемите со дрогата, Ајди ги изгубила двата сина, Карлс и Доналд.
Популарноста на интернет ја стекна поради нејзиното учество во бројни атлетски натпреварувања.
Извор: Плусинфо.мк