Ирански суд на познат критичар и блогер му изрече казна од 444 удари со камшик
Ирански суд му изрече казна од 444 удари со камшик на Мухамед Риза Фети поради објавување на „непримерни“ содржини и пораки на интернет блог, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Иранскиот портал „atreyas.ir“ јавува дека Кривичниот суд во градот Савех изрекол остра казна со камшикување на познатиот критичар Фети против кој е покрената судска постапка врз основа на жалбите на неколку градски службеници кои се нашле на мета на критика на блогерот.
Осудениот Фети не се сложува со пресудата на судот кој го терети дека „ со своите лаги влијаел на јавното мислење“.
Тој поднел жалба на изречената пресуда и на апелациониот суд ќе се обиде да докаже дека пишувал во склад со слободите на јавното изразување и дека со тоа не нанел никаква јавна штета.
Извор: Плусинфо.мк