Научник „одгледува“ човечки уши од јаболки
Канадскиот научник Ендрју Пелинг ги прекршил сите правила на конвенционалната медицина и генетика со тоа што објавил дека работи на „одгледување“ на уво користејќи ткиво од јаболка.
Само еден од проектите на кои Ендру работи во лабораторијата во Отава, е создавање на „човечки“ уши од клетки кои се земени од јаболко.
Иако изгледа како вистинско уво и содржи човечки клетки, таквата ушна школка сепак нема да може на пациентите да им овозможи слух.
– Зeдовме јаболко, ги отстранивме сите клетки и ДНК-та на јаболкото и во неа ставивме човечки клетки. Од јаболкото останаа само целулозните влакна. Мојата сопруга од нив направи облик на уво и ги однесов во лабораторија каде клетките на јаболкото беа заменети со човечки клетки. Тие ткива може да бидат вградени во човечко тело – открил Пелинг.
Во своето истражување, објавено во магазинот „Плус уан“, овој научник наведува дека значењето на проектот лежи во тоа што јаболките се многу евтини во споредба со другите начини на „одгледување“ на човечко ткиво.
– Комерцијалните ткива можат да бидат исклучително скапи и проблематични бидејќи поттекнуваат од животни или трупови. Користевме јаболко и го плативме само неколку центи. Основавме компанија која покренува мисија. Направивме машини кои ги прават тие ткива, а своеот знаење го споделивме и со другите – нагласил канадскиот научник.
Тој сè уште не ја продава својата технологија, но информациите за претпродажбата може да се најдат на интернет-страницата на неговата компанија. Можноста човечки органи да се одгледуваат од сопствени клетки на пациентите би била од голема помош со оглед на тоа што во цел свет има недостиг на органи.
Извор: Плусинфо.мк