Најголемите маркетинг промашувања на познатите компании
Kentucky Fried Chicken – Кога ланецот на ресторани за брза храна Kentucky Fried Chicken го отвориле својот прв ресторан во Кина во 1987-та година, тие случајно го превеле својот слоган „Толку е добро што ќе си ги излижете прстите“(Finger-lickin’ good) во „Ќе ви ги изедеме прстите“.
Pepsi
Ни на одговорните од Pepsi не им било многу полесно кога навлегле на кинескиот пазар. Слоганот „Пепси ве враќа во живот“ (Pepsi brings you back to life) бил преведен во „Пепси ги враќа вашите предци назад од мртвите“.
Parker
За една мексиканска реклама, познатата компанија за производство на пенкала Parker, го превела нејзиниот слоган „Нема да ви истече во џебот и да ве посрамоти“ (It won’t leak in your pocket and embarrass you) на шпански јазик во „Нема да ви истече во џебот и да ве затрудни“.
Coors
Слоганот на познатата американска компанија за производство на пиво Coors „Олабави се!“ (Turn it loose!) бил преведен на шпански јазик во „Страдај од дијареа“.
Coca-Cola
Името на Coca-Cola во Кина прв пат било прочитано како „Ке-коу-ке-ла“, што всушност значи „женски коњ наполнет со восок“.
Schweppes
Во една италијанска реклама, пијалакот „Schweppes Tonic Water“ бил преведен во не толку привлечна варијанта – „Schweppes Toilet Water“.
Braniff Airlines
Во 1977-та година, авиокомпанијата Braniff Airlines ги промовирала своите кожни седишта во првата класа со слоганот „Летајте во кожа“ (Fly in leather). На шпански јазик, истиот слоган бил преведен како „Летајте голи“.