Жените во просек губат една година од животот во броење на калории!
Половина од луѓето се незадоволни од својата телесна тежина па броењето на калории им дава утеха и контрола а да се слабее се сака поради партнерот.
Жените во просек губат една година од животот на броење на калории а мажите 304 дена.
Жените во просек трошат на ден 21 минута размислувајќи за навиките во исхраната додека мажите тоа го прават само три минути помалку, покажало истражувањето на меѓународната компанија SodaStream.
Опседнатоста со витка фигура и изглед припадничките на понежниот пол ги чини скоро една година од животот,пишува Дејли Мејл.
Дури половина од луѓето се незадоволни од својата телесна тежина па броењето на калории им дава своевидна утеха и контрола.
Жените за броење на калории се служат со апликации но поголем дел од нив водат дневник на исхрана. Покрај тоа, признаваат дека им одзема многу време но дека едноставно не можат да одолеат,потврдила студијата.