Како најбрзо да се разладите?
Неподносливата топлина,замор и потење на никого не му се пријатни. Затоа ви даваме неколку совети како брзо и ефикасно да се разладите.
Млак туш и ладен лосион
Можеби мислите дека најдобар начин за да се разладите е ладен туш но тој ќе ви овозможи само моментално освежување бидејќи после него ќе ви биде потопло отколку што ви било пред тоа.
Најдобра е топла вода за да не го шократе телото.
Бричењето е задолжителен дел од хигиената бидејќи без влакна помалку ќе се потите. По туширањето,наместо мрсно млеко изберете лесен лосион. Одлично освежување ќе ви овозможи ако го чувате во фрижидер.
Во канцеларија
Немате клима на работа? Најдобар начин да се разладите е термална вода во спреј(а може да послужи и обична кисела вода).Едноставно ишприцајте во воздухот и на лицето и ќе се чувствувате многу попријатно.
Против потење на нозете
Во лето преферирајте носење на отворени сандали за нозете во секој момент да можат дави бидат свежи. Ако пак имате проблеми со потење на стапалата купите спреј против потење кој може да се најде во секоја добро снабдена парфимерија.
Совет плус
Ако сте во автомобил половина час пред да го завршите возењето исклучете ја климата за шокот при излегување да не биде преголем.