Благодетите на јогуртот!
Денес јогуртот е производ распространет низ цел свет и со право зазема високо место на листата на здрава храна.
Тој има висока хранлива вредност со малку калории,содржи високо ниво на калциум и протеини а при тоа ја зголемува апсорпцијата на калиум и витамин B во организмот,внесени низ други производи.
Редовната консумација на оваа напивка гарантирано делува благотворно на организмот,го зајакнува,освежува,го продолжува животниот век и многу други позитивни работи.
-го зајакнува имунитетот
– благотворно делува на здравјето на дебелото црево
– спречува затвор
– го намалува нивото на лош холестерол во крвта
– го забрзува процесот на оздравување после инфекција на цревата
– ги спречува и намалува зачестените вагинални инфекции
– корисен е во период и после период на земање на антибиотици
– го олеснува варењето на храната
– погоден е за исхрана на доенчиња и постари лица
– корисен е во период на диетална исхрана
-се препорачува за слабеење бидејќи влијае на губење на масните наслаги со зачувување на мускулната маса.
– ја зголемува апсорпцијата на калциум и витамин B.