Протетиката потекнува од Египет!
Објавено на 21 април, 2015 во 08:31
Вештачките прсти направени од дрво кои биле пронајдени во Теба се изложени во Британскиот музеј и Египетскиот музеј во Каиро.
До неодамна овие откритија се сметаа само како дел од предметите кои се користеле при погребните церемонии, но испитувањата покажаа дека се протези наменети за луѓе без прсти од нозете.
Вештачките прсти биле тестирани врз луѓе кои немаат палци од нозете и се покажале како корисни протези.
Според научниците, протетиката најверојатно почнала да се развива во Египет уште во 950-та година п.н.е.
Вештачките прсти од Теба се најстариот пример за протетика во светот и уште едно сведоштво за тоа колку биле напредни древните Египјани.