Французин бара судот да му дозволи дискретна насмевка на фотографијата за пасош
Желбата да има дискретна насмевка на фотографијата на пасош му беше одбиена на еден Французин, па тој одлучи своие права да ги бара преку суд.
Французинот, кој медиумите го нарекоа Тијери, се бори да се дозволи на луѓето да имаат на фотографиите за пасош макар дискретна или „Мона Лиза“ насмевка и истакнува дека сериозните лица во пасошите ги прават луѓето депресивни.
Тијери ја обвини Франција за злоупотреба на моќта и овластувањата, а во писмото упатено до новинската агенција АФП ги праша дали е одговорно однесување да се обвинуваат луѓе за смеење во и онака депресивната Франција.
Правилото кое вреди во Франција, како и во многу други земји, е личноста при фотографирањето за пасош да има неутрална фацијална експресија за лицата полесно да можат да се споредуваат со оние во базата на податоци.
Бидејќи ширината на насмевката варира, техонологијата за препознавање на лица во такви случаи е тешко да изврши идентификација.
Адвокатот на Терије рекол дека дозволата на Французите да се смеат на фотографиите за пасош ќе им овозможи да изгледаат подружељубиво при влегувањето во друга земја.
Извор: Плусинфо.мк