По еден век, Американците на 21 август ќе го видат најголемото помрачување на Сонцето
Во понеделник, 21 август, цела Северна Америка ќе сведочи на најголемото помрачување на Сонцето уште од 1918 година.
Месечината ќе го затемни Сонцето, а тоталното помрачување ќе го видат граѓаните во 14 сојузни држави од Линколн Бич во државата Орегон до Чарлстон во Јужна Каролина. Набљудувачите во другите држави ќе го видат помрачувањето но со помал процент на покриеност.
Тоталното помрачување нема да трае подолго од две минути и 40 секунди, додека целиот феномен ќе може да се види три часа, пренесува НАСА.
Мал дек од помрачувањето ќе видат и жителите на Јужна Америка и западна Африка.
Последното тотално помрачување на Сонцето видливо од САД е забележано во 1979 година, но последното помрачување „од брег до брег“ регистрирано е пред 99 години поточно во 1918 година.
Спротивно на вообичаеното мислење, помрачувањата на Сонцето не се ретка појава. Едно помрачување се случува на секои 18 месеци – секојпат кога Месечината во орбитата на Земјата ќе го блокира Сонцето.