Археолози го откриле родното место на апостол Петар
Израелски и американски археолози го откриле родното место на апостол Свети Петар. Според нив, на брегот на езерото Галилеј во северниот дел на Израел е родното место на апостол Петар и два други апостоли.
Мордехај Авиам од колеџ Кинерет е на мислење дека неодамна звршиле две кампањи на археолошки ископувања при кои заедно со неговите американски колеги е откриена античка римски населба Јулиас.
Според историчарот Јосиф Флавио, тоа е настанато во 30 година врз урнатините на постара рибарска населба Бетсаид на брегот на Галилејското Езеро.
Според Евангелието, во него се родиле и живееле Петар, неговиот брат Андреј и Филип – тројца од 12-те апостоли.
Археолозите веќе долго време го бараат местото Јулиас, имајќи ги предвид главно три различни локации. “Едно од овие локалитети беше идентификувано како сериозен кандидат, но искпувањата дури минатата недела донесоа резултат”, истакна Мордехај Авиам.
“Тие беа извршени на неколку километри од таму, на досега неиспитан објект односно место. Наидовме на фрагменти од глинени садови, монети и урнатини од јавна бања. Тоа наведнува на мислата дека не станува збор за мала населба, туку за место кое би можело да одговара на Јулиас.
Врз основа на откриените наоди има голема веројатност дека станува збор за Бетсаид “, додаде тој. Објектот се наоѓа недалеку од местото каде што реката Јордан се влева во Галилејското езеро. Нивото на водата во езерото своевремено сепак било повисоко.