Банкротираше италијанскиот шапка „Борсалино“ чии шапки носеа Хемфри Богарт, Ален Делон, Мајкл Џексон
Познатата фирма за шапки од Италија, „Борсалино“, компанија што ја изработи познатата шапка за Хемфри Богарт во филмот „Казабланка“, како и за Харисон Форд, во филмот „Индијана Џонс“, прогласи банкрот во понеделникот.
Судот во Алесандрија на северот на Италија го отфрли планот за спасување на легендарната фирма и ја стави во стечај. Вработените 120 на број стравуваат за својата иднина.
Мајкл Џексон ги обожаваше шапките „Борсалино“, како и тренд-сетерот и музичка ѕвезда Фарел Вилијамс. Секако ним им се придружува и Дејвид Боуви, чија последна фотографија е со една од шапките на „Борсалино“.
Во 1970 година францускиот гангстерски филм „Борсалино“ е именуван токму по црните федора шешири кои ги носеа актерите Ален Делон и Жан-Пол Белмондо.
Но, и покрај многуте познати кои се снабдуваа со шапки од оваа италијанска компанија, таа фирма стара 160 години нема да може да опстане.
Фондот The Haeres Equita investment ја презеде контролата во 2015 година со надеж дека ќе ја поправи ситуацијата, покрај долгот од 30 милиони евра.
Поранешниот шеф на фирмата Марко Маренцо, е под обвинение за измама и неплаќање даноци, а беше уапсен во 2015 година во Швајцарија. Судијата иницијално го прифати предлогот на Haeres Equita за исплаќање на кредиторите на „Борсалино“, и им даде зелено светло за ново поглавје во историјата на компанијата која во 20-титие години од минатиот век произведуваше и по два милиони шапки годишно.
Но, планот да се спаси бизнисот и судбината на 120 вработени подоцна е отфрлен од судот, како и вториот таков план презентиран пред една недела.