Неверојатно: Снег го затрупа Мароко (ВИДЕО)
Објавено на 31 јануари, 2018 во 08:09
Во Мароко снегот падна за прв пат по половина век. Овој феномен доведе до колапс на транспортот во јужните региони на земјата, пренесоа TSN. Во некои градови патиштата се блокирани, па е едноставно невозможно жителите да се движат со автомобили.
Поради обилните дождови може да има задоцнување во летовите. Меѓутоа, локалните жители се задоволни од непознатото време. Видеото на снежните улици е поставено на интерент. Метеоролозите веруваат дека снегот е предизвикан од ладни воздушни маси од северна Европа. Тие предвидуваат продолжување на снегот во некои области за уште една недела.
Видеото погледнете го на следниот линк https://1plus1.ua/1plus1video/tsn/den/tsn-za-20180130-u-marokko-vpershe-za-pivstolittya-vipav-snig