Секс пауза во работно време воведува град во Шведска
Градскиот совет во шведскиот град Оверторн предлага секој вработен жител да има право на еден час пауза да отиде до дома (или каде и да треба) и да има секс со партнерот и сето тоа е вклучено во работните часови.
– Проучувањата покажуваат дека сексот е здрав. Се работи за градење подобри односи… Сепак, вие не можете да знаете со сигурност дали наместо тоа, работникот ќе отиде на прошетка, но работодавците треба да им веруваат на своите вработени – истакна 42-годишниот советник Пер-Ерик Мускос.
По Финците и Французите, Швеѓаните се на трето место според најмал број работни часови годишно. Според економско-истражувачкиот институт Ко-Рекскод, шведскиот просек за 2015 изнесувал 1.685 часа по работник, на годишно ниво. И покрај тоа, Мускос „не гледа причина предлогот да биде отфрлен“.