Прортеа првите билки на Месечината
Прортеа семките кои кинеската мисија “Chang’e-4” ги понесе на Месечината, јави Кинеската национална вселенска агенција, пренесоа медиумите.
Ова е прв пат каква и да биолошка култура да израсне на Месечината и тој настан се смета за значаен чекор кон долгорочно истраѓжување на вселената.
Претходно веќе беа одгледувани билки во вселената, на Меѓународната вселенска станица, но никогаш до сега тоа не е направено на нашиот природен сателит.
Способноста и искуството за одгледување на билки на Месечината се значајни за сите други проекти и долгорочни вселенски мисии, како што е патувањето на Марс, кое може да трае и две и пол години.
Тоа значи дека астронаутите може да користат храна од сопствено производство во вселената, со тоа ќе ја намалата потребата да се вратат на Земјата за да земат уште потребни продукти.
Кинеските државни медиуми објавија дека семките на памук никнале во први билки.
“People’s Daily” на Твотер објави и први фотографии од нив. При тоанапишаа дека тоа е „прв биолошки експеримент на човекот на Месечината“.