Границата на пубертет треба да се постави од 10 до 24 години
Научниците сметаат дека треба да се помести долната и горната граница на адолесценцијата, односно пубертетот, кој би требало да трае од 10 до 24 години.
Некогаш се сметаше дека човекот пораснал со 19 години, но денес образованието трае подолго, а повеќето млади живеат со родителите и не засноваат семејство рано.
Се смета дека пубертетот почнува кога хипоталамусот ќе почне да испушта хормони кои ја активираат хипофизата и половите жлезди.
Некогаш луѓето влегуваа во пубертет со 14 години, но денес во развиените земји, поради подобрување на општото здравје и прехрана, овие карактеристики во раснењето почнуваат околу десеттата година.
Во Велика Британија девојчињата добиваат прва менструација четири години порано за разлика од пред 150 години.
Постојат и биолошки аргументи за продолжување на времето за адолесценција, наведуваат научните агазини.
Човечкото тело продолжува да се развива и по пубертетот. Работата на мозокот се подобрува во дваесеттите години, а кај голем број луѓе умниците растат околу 25 година.
Во Англија, според официјанлата статистика, во 2013 година стаста при првото стапување во брак за мажите изнесува 32,5 години, а за жените 30,6 години.
Тоа е речиси осум години повеќе отколку во 1973 година.
Политиката треба да води сметка за промените во општеството и да им пружи поддршка на младите до 25 години, сметаат научниците.