Што треба да има на новогодишната трпеза ?
Објавено на 31 декември, 2018 во 10:17
Новогодишната трпеза треба да ви биде добро одбрана за да имате здравје, пари, среќа во вашиот дом. Еве што треба да имате на вашата трпеза и што значи тоа.
Грозје
Грозјето пред се е симбол на здравје и сила, па се препорачува веднаш по 12 да изедете зрно грозје.
Риба
Таа има симбол на движење без препреки, па ви навестува дека ќе пливате во сите полиња.
Свинско месо
Свинското месо е симбол на богатство.
Зелка салата
Со својата зелена боја таа е симбол на хармонија, природа и добра среќа како и долговечност.
Торта
Поради големото количество на шекер кое го содржи, симболизира слатка година.
Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е месо од перјасти животни, бидејќи тие имаат крилја, па симболизираат среќа која напушта.