Во Италија пријавен првиот случај на куче заразено со Ковид – 19
14.11.2020
Лекарите во италијанската провинција Бари, објавија дека за прв пат во земјата имаат случај на куче кое се заразило со коронавиурс, пренесува „La Republica“.
Кај сите четири членови на семејството во чија сопственост е кучето е дијагностициран КОВИД-19. Самите сопственици зеле брисови од пудлицата и ги испратиле во лабораторија.
Првиот позитивен резултат бил регистриран на 5 ноември, а потоа биле направени неколку дополнителни тестови. Кучето не покажувало никакви симптоми.
„Добивме неколку позитивни резултати, но присутноста на вирусот беше многу мала“, изјавил Никола Декаро, професор на Универзитетот во Бари.
„Тоа значи дека кучето не може да ве зарази. Дури и ако е заразено и вирусот е присутен во неговото тело, сепак е премала количина“, додал професорот посочувајќи дека ризикот од ширење на вирусот од кучиња и мачки е речиси невозможен.
Претходно, група италијански ветеринари и лекари на чело со професорот Декаро спроведоа големо истражување за да утврдат колку и дали е распространет коронавирусот меѓу миленичиња како кучиња и мачки кои живеат со своите сопственици во северна Италија.
Генерално, научниците собрале биолошки примероци од околу 1.000 кучиња и 500 мачки. Биолозите тогаш не пронајдоа никакви траги на присутност на коронавирусот кај животните.
Мите Јаначков