Дневен хороскоп за 19. март
19.03.2021
ОВЕН
Работа: Иако не сте во потрага за нова работа, добивата нова понуда.
Љубов: Односот со партнерот е задоволувачки. Другата страна размислува за вашите финансии и смета на вашата финансиска помош.
Здравје: Чувајте се од повреди.
БИК
Работа: Заминувате на краток, службен пат. Делувате шармантно, добро и постигнувате успех.
Љубов: Врската има доза на динамика. Ранливи сте, и бурно реагирате. Партнерот е изненаден од вашето однесување.
Здравје: Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ако сте приватник, разочарани сте од лошите резултати со оглед дека сте очекувале многу повеќе.
Љубов: Партнерот го разбира вашето нерасположение и успева да ве смири. Благодарение на нему, лесно ви е да продолжите понатаму.
Здравје: Наклонети сте кон нервирање.
РАК
Работа: Надредената личност иницира разговор. Имате целосно различен однос кон обврските. Вие сте оптимистични, но работата не може да се одработи брзо како што другата страна сака.
Љубов: Комуникацијата со партнерот е динамична.
Здравје: Наклонети сте на повреди.
ЛАВ
Работа: Прифаќате помош од помлад колега и тој многу ви помага во надминување на проблемите.
Љубов: Ве очекува разговор со брачниот партнер околу финансиите, и во текот на разговорот доаѓа до различни ставови.
Здравје: Можни проблеми со кожата.
ДЕВИЦА
Работа: Смислувате планови кои не можат веднаш да се реализираат, и поради тоа сте разочарани.
Љубов: Пред вас е случајна сребда со стар пријател. Го гледате со други очи – како потенцијален партнер.
Здравје: Нестабилен притисок.
ВАГА
Работа: Работната ситуација е стабилна и нема значајни случувања. Задоволни сте од финансиите.
Љубов: Во брак ве очекуваат тешкотии. Причина е нервозата на партнерот и неговот лесно испаѓање од такт.
Здравје: Стабилно здравје.
ШКОРПИЈА
Работа: Не сте трпеливи. Сакате обврските да ги одработите во што пократок временски рок, но тоа е невозможно. Имате впечаток дека за некои работи треба повеќе време.
Љубов: Партнерот е многу нервозен, па се трудите да го опуштите.
Здравје: Можни се повреди.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Размислувате за позајмица или креди. Го користите денешниот ден за аплицирање. На работа се случува се вообичаено.
Љубов: Чувствителни сте и бурно реагирате. Брачниот партнер има мирољубив став.
Здравје: Стабилно здравје.
ЈАРЕЦ
Работа: Разочарани сте од промената на работните планови во последен момент. Таквите работи не ви годат затоа што сакате се добро да е организирано.
Љубов: Брачниот партнер зборува за проблемите на работа што не ве интересира.
Здравје: Неопуштени сте.
ВОДОЛИЈА
Работа: Несогласување со колегите ги доживувате на непотребно емотивен начин.
Љубов: Не успевате да остварите нормална комуникација ниту со емотивниот партнер. Потребна ви е караница за да се испразните.
Здравје: Лошо сте расположени, нервозни.
РИБИ
Работа: Вашата креативност е во полн залет. Смислувате нов работен проект. Имате впечаток дека секоја идеја е остварлива.
Љубов: Инсистирате на средба со другата половина. Сакате партнерот да ви се посвети во целост.
Здравје: Добро се чувствувате.
Мите Јаначков