ВИДЕО: Мајмун робот ќе го истражува Марс!
Објавено на 30 јуни, 2013 во 10:56
Истражувачите од универзитетот во германскиот град Бремен дизајнираа роботи-мајмуни од 18 килограми, чија напредна верзија еден ден планираат да ја испратат на Марс.
Роботот е дел од проектот “iStruct”зад кој стои германскиот вселенски центар. Тежок е 18 килограми и се движи на задните нозе, додека со предните останува на под.
Истражувачите на овој проект работеле во изминативе три години, а роботот кој чини 3,9 милиони долари е способен да се движи напред, назад, странично, да се свртува и самостојнио да се исправува после падот.
Вработените во германскиот вселенски центар се надеваат дека ова е само почеток и дека следната верзија на роботот ќе може и да зборува.
{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=i-RdKv6QMx8{/youtube}