Вашиот телефон може да стане таен агент!?
Во лабораторијата Kindsight е развиена апликација која покажа колку е лесно од вашиот паметен телефон да се направи паметен таен агент.
Досега многу се говореше дека вашиот паметен телефон е измислен за неовластено земање на податоци. Сега една компанија која се занимава со безбедноста од овие апликации кои ги инсталираме во нашите паметни телефони предупредува дека токму тие апликации можат да се претворат во вистински шпиони.
Лицата задолжени за лабораториски тестирања околу безбедноста направиле апликација со која докажале дека може да се следи локацијата на корисникот, пораките, да ги снимаат телефонските разговори и да ги преземаат сликите кои ги фотографираме.
Апликација која е именувана како DroidWhisper, може да се сокрие во било која апликација за Android и така скриена во позадина на паметниот телефон да си оперира.
По инсталацијата, DroidWhisper добива инструкции од примарниот сервер преку интернет или преку SMS порака. Сите податоци собрани од страна на жртвата DroidWhisper ги испраќа до главниот сервер каде што се собираат буквално сите податоци од сите смартфони.
Шефот на лабораторијата објаснува дека со ваков уред лесно се станува мета на следење. Тој нагласува дека смарт телефоните се одлична платформа за напади во внатрешноста или напад врз државните мрежи.