Слабеењето влијае на романтиката!
Наглото намалување на телесната тежина кај еден од партнерите може да ја уништи романтиката во врската – се наведува во истражувачката статија објавена во Health Communication. Ова се однесува најмногу на паровите каде заложбата за здрав животен стил кај еден од нив е приоритет.
“Луѓето треба да разберат дека слабеењето може да ја промени ситуацијата во љубовниот живот како во подобра така и во негативна насока, така што може да се констатира дека телесната маса има голема улога во градењето на здрав однос со љубениот/љубената“- изјавил раководителот на научниот труд Линси Ромо, професор на Универзитетот во Северна Каролина.
Во истражувањето учествувале вкупно 21 пар од повеќето делови од светот. Еден од партнерите за помалку од две години изгубил околу 13,5 килограми како резултат на строга диета, вежби и медицински зафати.
Подоцна била извршена анализа на квалитетот на односот меѓу партнерите и се покажало дека оние кои драстично ослабнале и на истиот потег го принудувале и својот партнер. Таму каде овој идеал бил прифатен обострано односот бил нормален, додека пак кај останатите се изгубила физичката и емоционалната блискост.
Експертите сметаат дека истражувањето не треба да претставува закана на патот на оние кои сакаат да ослабат следејќи го здравиот образ на исхрана само поради потенцијалниот нарушен однос со партнерот. Едноставно, потоа не саботирајте ги неговите/нејзините помалку здрави прехрамбени навики и воздржете се од негативни коментари околу надворешниот изглед.