Дали избирате смартфон по капацитетот на батеријата или по дизајнот?
Потребата од подолготрајна батерија за секој смартфон е огромна, но тие немаат батерија со огормен капацитет, а посебно тоа е случај со iPhone. Apple не е многу загрижен за тоа. Џон Ајв неодамна изјави дека подобрата батерија во iPhone би го направила уредот потежок и помалку привлечен.
Фаворизирајќи го стилот и изгледот над перформансите, Ајв вели дека iPhone е популарен и поради тоа што е тенок и лесен, а тоа се одразува на батеријата.
Додека батеријата на iPhone 6 трае околу еден ден, онаа кај iPhone 6 Plus е малку помоќна и има поголем капацитет. Нема дилеми дека голем дел од корисниците кои се одлучуваат за iPhone тоа го прават поради дизајнот, па она што го кажува Ајв има смисла.
Според некои пишувања во медиумите ова може да е обид на Ајв да го одвлече вниманието од гласините дека Apple работи на нов тип на батерии кои би се вградувале во следните модели на телефонот.