Заштите ги очите кога ќе го гледате затемнувањето на Сонцето
Доколку имате среќа да набљудувате затемнување на Сонцето, бидете сигурни дека нема да гледате дирекно во сонцето во ниеден момент без соодветна заштита.
Сончевото УВ може да ја оштети ретината во Вашите очи, што може да доведе до трајно оштетување па дури и слепило. Доволно е изложување само на неколку секунди да дојде до такви оштетувања.
Како да набљудувате соларно затемнување
Единствен начин да се набњудува Сонцето, независно дали со или без затемнување, е со негово проектирање, или со филтрирање на штетните УВ зраци.
Неколку опции:
- Проектор со мала дупка: Лесен и ефтин начин за набљудување на сонцето е да се проектира неговата слика на друга површина, како бела хартија или картон. Проекцијата е можна со или без телескоп. Како и да е не гледајте во сонцето дирекно низ телескоп или двоглед
- Специјални очила: Доколку не сте од типот ,,направи сам“, проверете во астрономските друштва доколку имаат на продажба или на изнајмување ваков вид на очила.
- Маска/очила за заварување: НАСА препорачува маска/очила за заварување со заштитен фактор 14 или повеќе.
- Алуминиумска фолија: Кујнската алуминиумска фолија исто така може да се користи како заштита.
Како да НЕ го гледате затемнувањето на Сонцето
Без никаква дилема е дека НЕ смеете да гледате дирекно во Сонцето, пред, за време, после затемнување или во било кое друго време.
Според НАСА, следните работи никогаш не смеат да се користат за набљудување на затемнување на Сонцето:
- Фотографски филм.
- Рентген снимка (со или без слика на неа).
- Чадено стакло.
- Било какви очила за сонце.
- ЦД (ДВД) или флопи дискови.
Завршен збор, не превземајте никакви ризици. Доколку не сте сигурни за сигурноста на вашето помагало, разговарајте со стручно лице. Ниеден од горенаведените начини не нуди 100% заштита. Читателите може да користат било кој начин на сопствена одговорност, а уредникот на овој текст не сноси никаква одговорност за настанати штети врз потенцијални набљудувачи.