Како е формирана Месечината?
Формирањето на Месечината многу долго било мистерија, но новите студии ја поддржуваат теоријата дека Месечината е формирана од остатокот резултат на судир помеѓу новоформираната Земја и карпа со големина на Марс.
Земјата е стара околу 4.5 билиони години, а научниците сметаат дека месечината е формирана кратко по формирањето на Земјата. Водечкото објаснување за настанокот на Месечината, познато како „Хипотеза на гигантски судир“, за првпат е објавено во седумдесеттите години од дваесеттиот век. Се претпоставува дека Месечната е настаната од судир на две протопланети, или ембрионски светови. Еден од нив е штотуку формираната Земја, а другиот е Теиа, планета со големина на Марс. Од исфрлениот отпад е формирана Месечината.
Најголема препрека во оваа теорија е хемискиот состав на Месечината. Повеќето од моделите за Гигантскиот судир покажуваат дека повеќе од 60% од Месечината треба да е остаток од Теиа. Проблем е што повеќето тела во Сончевиот систем имаат уникатен хемиски состав, па и Земјата и Теиа, а со тоа и Месечината би требало да се води по тој пат. Како и да е, примероци од карпи од површината на Месечината зачудувачки потврдуваат голема сличност со Земјата.
Во однос на состав Земјата и Месечината се речиси идентични близначки, нивниот состав се разликува само во неколку насоки од неколку можни милиони. Ова откритие наголемо се спротивставува на теоријата на Гигантски судир.
За да се расветли оваа мистерија, научниците изведуваат различни симулации на деведесетина протопланети од раниот Сончев систем — секоја од нив со најмногу 10% од масата на Земјата — и 1,000 до 2,000 помали тела. Овие помали тела се со маса од околу 0.25% од масата на Земјата.
Симулациите на судирите се извршени во образец со форма на диск кој се протега на 0,5 АЕ до 4,5 АЕ. АЕ или Астрономска Единица е единица која соодветствува на просечната оддалеченост на Земјата од Сонцето која изнесува 150 милиони километри.
Со помош на овие симулации научниците откриваат дека во период од 100 милиони до 200 милиони години од почетокот на моделот, секоја симулација формира три или четири карпести планети, а најголемата е со маса слична на онаа на Земјата. Овие планети најчесто се разликуваат по состав. Како и да е, се открива дека 20 до 40 % од симулациите, составот на една од планетите формирани при судир е сличен со составот на матичната протопланета.
Овие откритија сугерираат дека сличност во материјал на матичното тело и новороденото тело е можно.
Друг начин за разбирање како Земјата и Месечината се формирани е со Волфрам. Овој метал има силни сидерофилни карактеристики, што значи се врзува цврсто за железото, и ќе има силна тенденција да се повлече кон јадрото на Земјата кое е богато со железо. Како и да е, Земјината кора е богата со сидерофилни елементи како и волфрам.
Претходните истражувања сугерираа дека сидерофилните елементи најдени на Земјата доаѓаат однадвор од вселената. Доколку е ова вистинито, тогаш изотопите на волфрам од Земјата би требало да се разликуваат од оние на Месечината.
Со анализа за месечевите примероци откриена е поголема количина на изотопот волфрам 182 во споредба со количините на Земјената кора.
Оваа разлика е потврда дека Месечината е несомнено настаната од младата Земја, пред волфрамот да има можност да потоне кон центарот на Земјата, поради сеуште некомплетно оформеното Земјено јадро богато со железо. /Т.Т.