Фејсбук и без интернет
Објавено на 18 април, 2015 во 08:08
Сите корисници на Фејсбук можат да ја користат оваа социјална мрежа без интернет.
Проектот „Фејсбук зеро“ беше најавен уште во 2010 година а од компанијата Фејсбук образложија дека целта е да им овозможи на корисниците да добијат пристап на социјалната мрежа и тоа целосно бесплатно, односно без трошење на интернет за податоците за пренос.
За да ја користите оваа поволност се што треба да направите е во интернет пребарувачот на мобилниот уред пред адресата facebook.com да ја додадете 0, односно,треба да впишете http://www.0.facebook.com.
Овој проект, пред се е наменет за земјите во развој но до сега го прифатија голем број на мобилни оператори ширум светот.