Фејсбук тестира апликација за повици
Иако телефонските повици полека излегуваат од мода, поради многубројните останати начини на комуникација, сепак секојдневно низ светот се прават милијарди повици.
Меѓутоа од фејсбук велат дека искуството на правење и добивање повици не е толку добро: не знаете кој ве повикува доколку не го имате нивниот број во вашиот телефон, или пак не можете да најдете нечиј број, а и недоволно е искористена можноста за правење повици преку Wi-Fi. Затоа тие ја изработија апликацијата Hello,достапна за Андроид корисниците, која е тука да го модернизира правењето повици, и секако да го постави Фејсбук во центарот на сите ваши комуникации.
Целосното име на апликацијата (Hello — Caller ID & Blocking) ја открива и нејзината вистинска смисла. „Hello“ ќе служи како голем телефонски именик кој ќе биде во состојба да ги препознава повикувачите кои имаат ист „Facebook“ профил.
Оваа апликација е достапна за бесплатно спуштање на Google Play store, и го заменува Андроид повикувачот, со повеќе Фејсбук базирана верзија. Оваа апликација нуди три клучни можности: го користи Фејсбук за да знаете кој ве повикува, иако го немате неговиот број во телефонот, нудејки и можност за блокирање на несакани повикувачи.
Втората можност е нејзиниот моќен пребарувач, доста корисен за да пронајдете нечиј број, или број од некој локален бизнис, и третата можност е правење бесплатни повици преку Wi-Fi користејки VoIP. Исто така доколку имате пропуштен повик можете да одговорите со пишување порака преку Фејсбук.
„Hello“ настана во рамките на „Messenger“, па и повиците во оваа апликација се извршуваат по пат на оваа платформа – целосно бесплатно. Нормално, апликацијата може да послужи и како замена за стандардните апликации за телефонирање на „Android“ уредите. Заинтересираните корисници можат веќе да ја превземат од „Play Store“.