Апокалиптички случувања кои и се закануваат на Земјата
Со напредокот на технологијата и научните методи, сме се запрашале за се околу нас – а како резултат на тоа, знаеме дека постоел живот и пред човекот, и тој живот е „избришан“ од лицето на Земјата од реална катастрофа, која може да и се заканува на Земјата и на животот на неа во секој момент. Што веќе се има случено на Земјата, може да е показател за тоа што допрва може да се случи. Тука ќе разгледаме појави кои можат да предизвикаат апокалипса, и ќе ви посочиме дали да се грижете за тие случувања.
АПОКАЛИПСА ОД АСТЕРОИД
Прва и најчесто верувана закана за животот на Земјата е удар од астероид. Објекти од вселената паѓаат на Земјата секојдневно, но за среќа атмосферата на Земјата е доволно дебела за поради триење да ги согори целосно или до незабележителни остатоци. За да се случи забележителна штета (да се уништат градови) астероидот би требало да е со пречник од најмалку еден километар. Во просек, ова може да се случи на секои 500 милиони години. Се смета дека диносаурусите се уништени од астероид со пречник од 15 километри.
ВУЛКАНСКА ЕРУПЦИЈА
Најголемиот вулкан на планетата е Јелоустоун во САД (Yellowstone). Доколку еруптира, ќе исфрли 600 кубни километри пепел во атмосферата. Ова би го блокирало Сонцето на многу долг период, и најверојатно ќе предизвика нова ледено доба. Последната историја на Јелоустоун е пред 70,000 години, а се смета дека еруптирал во минатото на секои 50,000 години. Доколку овие податоци се точни веќе одамна е поминат периодот кога би требало да еруптира.
СОЛАРНИ БУРИ
Соларна бура со доволно силен интензитет би ги збришала сите вештачки сателити кои орбитираат околу Земјата поради претоварот со електрони кои се зрачат при соларните бури. Ова би значело дека ќе нема интернет, ГПС (GPS), временска прогноза, и многу други доблести кои ни ги овозможува сателитската комуникација. Добар дел од технологијата која е инвентирана во последните 100 години би била комплетно безполезна. Соларната активност го достигнува својот максимум на секои 11 години. 2013 и 2014 година се врв на тековниот циклус (веќе безбедно поминат), па ни следува да се надеваме дека 2025 ќе бидеме исто така безбедни. Што би можеле да направиме да ја заштитиме нашата технологија? Мајкал Фарадеј го инвентирал уредот кој може да не заштити од наплив на негативни јони – Фарадеевиот кафез. За наша несреќа, не е баш практична примената на огромни кафези врз нашите сателити. Се што ни преостанува е надежта дека ова нема да се случи (но сепак можноста да се случи ова е прилично голема).
ГАМА ОДБЛЕСОК
Кога звезда со најмалку 50 соларни маси (1 една соларна маса е еднаква на масата на нашето Сонце. Отприлика 332946 пати масата на Земјата) ќе експлодира во Супернова, гравитацијата би придонела најголем дел од од нејзиниот материјал и радијација би се исфрлил од нејзините најслаби точки односно половите. Кога целата енергија од ѕвезда со маса 16647300 пати поголема од масата на Земјата е концентрирана во еден фокусиран зрак, ништо што ќе се најде на патот на тој зрак нема да има среќен крај. Гама одблесок би можел да нанесе штета на Земјата доколку е најмногу 8000 светлосни години. Се што е подалеку од тоа ние сме безбедни. Се што би било поблиску би било фатално. Па дали има ѕвезда доволно голема за да и претставува закана на Земјата? Да. WR 104 се наоѓа на околу 8000 светлосни години оддалеченост, на самата граница на безбедната зона. Wolf-rayent (WR) се категорија на ѕвезди кои се единствени во Универзумот доволно масивни, и доволно моќни, да фузираат железо во нивното јадро. Нормално, нуклеарната фузија е можна се до железо, што е речиси невозможно да продолжи нуклеарна фузија после железо кај ѕвезди со маса помала од 200 соларни маси. А кога ѕвезда има моќ да фузира железо, знаете дека експлозија во Супернова не е глетка која би сакале да ја видете. Астрономите сметаат дека оваа ѕвезда е во фазата на црвен џин, што значи дека може да предизвика Супернова во блиска иднина. Лоши вести? За наша среќа, не е сигурно дали половите на оваа ѕвезда се свртени кон нас. 8000 светлосни години се преголема оддалеченост за точни предвидувања. Како и да е, ова нема да се случи во животниот век на неколку генерации после Вас драг читателу.
ПРЕСУДА:
И покрај фактите кои укажуваат дека Земјата и животот може да биде уништена во секоја секунда, шансите се на наша услуга за долг живот. Јас лично повеќе би се плашел минувајќи улица на пешачки премин. /Т.Т.