Како да не останете без батерија на мобилниот и на таблетот?
Постојат неколку начини како да не останете со празна батерија на мобилниот телефон или на таблетот и тоа во моменти кога ви се најпотребни.
Преносен полнач е одлично решение за полнење на уредите доколку сте во движење, го полните дома и потоа го носите со себе за во секоја прилика да може да ја наполните батеријата на вашиот преносен уред. Избор од два квалитетни модели на преносни полначи кои може да ги купите кај нас се RP-DC10 универзален дигитален полнач на батерии и MAXELL MPC-C1000BK мобилен USB полнач за мобилни телефони и таблет компјутери. А кога сте дома, одеднаш наполнете ги и мобилниот уред и преносниот полнач со помош на овој двоен usb ѕиден полнач.
Уреди за кои може да ги користите ваквите преносни полначи вклучуваат мобилни телефони, таблети, преносни звучници, музички плеери, дигитални фотоапарати и камери, и сл. Кликнете на линковите и погледнете го изборот кој се нуди за онлајн купување и достава до вашиот дом.
Батериите на лаптоп компјутери имаат многу поголем капацитет од претходно споменатите уреди и за нив е потребен многу посилен преносен полнач кој ќе ве чини многу, па затоа е поедноставно и поевтино да си набавите резервна батерија за него. Видете го изборот и цените за нова батерија за лаптопи тука.
Покрај квалитетот на батеријата, постојат уште неколку фактори кои влијаат врз времетраењето на батеријата помеѓу две полнења. Доколку сакате да заштедите на време до следното полнење, еве до што треба да се придржувате:
– Не го користете уредот додека се полни.
– Кај лаптопите може да ја извадите батеријата додека работите, а компјутерот е вклучен во струја.
– Не го оставајте на сонце, батеријата побрзо се троши кога е на топло.
– Намалете ја осветленоста на екранот на пониска или на автоматска поставка.
– Исклучете ја опцијата „вибрации“.
– Поставете пократок рок во кој екранот сам се гаси и заклучува.
– Исклучете ја GPS опцијата за локација и вклучувајте ја само по потреба.
– Исклучете ја 3G конекцијата во периодот кога не ви е потребна или кога можете да користите WiFi.
– Исклучете го Bluetooth-от.
– Исклучете ги непотребните апликации и нотификации.