Телефон искомбиниран со квалитет и ниска цена
Објавено на 11 јули, 2015 во 08:33
TCL 3S M3G е телефон кој содржи комбинација од квалитет со ниска цена. Во малопродажба цената е 139,98 долари.
3S M3G освен квалитетна изработка и материјали, има и елегантен дизајн со доста солиден 5 инчен Full HD OGS екран на допир.
Слободно може да се каже дека 3S M3G има прилично „силен“ хардвер – 64 битен процесор Qualcomm Snapdragon 615 на кој осумте јадра работат со брзина од 1,5 GHz. Вклучени се и 2 GB RAM меморија, како и 16 GB меморија за вашите податоци.
3S M3G дефинитивно нема да ве разочара и со камерите. Главната камера користи користи 13 MP Exmor RS CMOS f / 2.2 super aperture сензор кој е способен за креирање на одлични фотографии.