Научници: Човечката рака е попримитивна од онаа на шимпанзото
Тупаници за заштита, спротивставени палци, со кои вршиме деликатни задачи како нишка на игла – ова се дел од работите кои можеме да ги правиме со рацете.
Сепак научници од САД и Шпанија утврдиле дека човечката рака може да е попримитивна од онаа на нашите најблиски роднини – шимпанзата. Доказ за тоа е и фактот дека нашите раце се многу слични со оние на последниот заеднички предок кој ние и шимпанзата го имаме, а живеел пред милиони години.
“Овие откритија покажуваат дека структурата на раката на современиот човек е доста примитивна во својата природа, а не резултат на селективно влијание во контекст на произведувањето на орудија од камења”, се вели во соопштението на списанието “Nature Communications”, кое ги објави откритијата.
Всушност, рацете на шимпанзата и орангутаните се сменија најмногу откако нивниот вид се одвои во нова гранка на хуманоиди. Тие развиле подолги прсти во споредба со палецот за да можат да се нишаат на гранките на дрвјата.
Човечката рака има подолг палец спрема останатите прсти во споредба со оној на шимпанзата и другите мајмуни. Тоа овозможува попрецизен зафат што научниците го нарекуваат “рампа кон рампа”, онака кажано за способноста на луѓето да ги допираат врвовите на прстите.
Меѓу палеонтолозите постои раширена претпоставка дека последниот заеднички предок на луѓето и мајмуните – поединец, чиј идентитет останува непознат, бил рана форма на шимпанзо со раце, карактеристични за овој вид.
Според истражувањето на тим од научници односот “палецот кон прстите” се смени малку од времето на овој последниот наш заеднички предок “.
Извор: Локално.мк