Револуционерни слушалки!
Од јануари следната година во продажба ќе се најдат револуционерни слушалки со кои може да се контролира звукот на животната средина – неутрализирајќи ги непосакуваните шумови, како плач на дете во градскиот превоз или сирена на улица. Станува збор за еден од моментално најинтересните новитети на „Kickastarter“ .
Овие безжични слушалки „Here Active Listening“ ги разви компанијата „Doppler Labs“ од Њујорк.
Во рекламата за ова технолошко чудо се наведува дека со овие слушалки секој станува инженер на звукот.
Целта не е слушање музика, туку можност за влијание врз звуците околу нас, како што е изборот и контролата на јачината на некој звук, користејќи апликација за смартфон.
Слушалките функционираат како филтер, па така корисникот може да го слушне тоа што тој сака да го слушне.
Компанијата „Doppler Labs“ успеа за овој проект да собере 17 милиони долари, а за нејзините слушалки веќе се заинтересираа и неколку музички манифестации, како што е познатиот калифорниски Коачела фестивал за кој веќе се нарачани 135.000 слушалки за наредното издание.