Фејсбук наскоро добива копче „купи“
Фејсбук е во процес на тестови на платформата за директно продавање на производи и услуги, соопштува интернет изданието BuzzFeed.
На кратко, наскоро во страниците на трговците на Фејсбук може да се појави копчето “купи”. Трговците ќе имаат можност да вградат онлајн продавници во страници на социјалната мрежа. Компанијата ги потврдува плановите, наведувајќи дека за сега сè е пробно со идејата да се провери дали има интерес од трговците и корисниците и да се прават било какви дополнителни промени во услугата. Целта е целиот процес на откривање, избирање, нарачка и плаќање на производот да станува во рамките на Facebook.
За сега социјалната мрежа дури нема да зема ни процент од продажбата, иако со текот на времето тоа најверојатно ќе се промени. Во моментов сосема малку онлајн трговци имаат пристап до пилот програмата, а од ФБ прецизираат дека таа е во развој. И иако онлајн продавниците во страниците се достапни од сите верзии на Фејсбук, нивниот главен фокус се мобилните уреди. Првично нема да има пребарувач, со идејата корисникот активно да ги разгледува предлозите во продавницата. Се размислува да се овозможи преку платформата да се овозможи на спортски тимови, познати личности, автори и уметници исто така да ги продадат своите сувенири и дела. Ова сепак е за далечната иднина, а сега сите напори се во градењето на платформата прво за трговците, додаваат од компанијата.