Од денеска може да се регистрира домен на кирилица
Од денес секој може да регистрира интернет адреса целосно на кирилица. Над 400 милиони корисници веќе користат кирилицата во светската мрежа, а тоа ќе биде погодност за секој од нив.
Секој интернет сајт има свое име или домен, на пример дума.мк Од денес започна регистрација на домејни целосно на кирилица како вашето име.мк .
Во следните 90 дена до месец мај со предност ќе бидат прифатени барања за регистрација на домени за државни институции, установи, трговски марки, географски називи и организации.
Односно, ако зачувате домен на кирилица денес, тој ќе биде достапен не порано од месец мај.
Има и ограничувања – не може приватно лице да регистрира домени како што претседател.мк или парламент.мк. Тоа се заштитени имиња.
Друг пример – ако сакате да регистрирате домен крофни-лиде.мк, но во исто време има фирма која по регистрација го носи истото име. Тогаш правното лице, сопственик на трговската марка со предност ќе го регистрира овој домејн.
Можно е појава на слични спорови при изборот на домејните на кирилица, затоа размислете како да го заштитите вашиот бизнис од недоразбирања.