Хакерите само со WI Fi можат да влезат во вашиот дом
Во блиска иднина хакерите во нашите домови ќе можат да влезат преку Wi-Fi сигналот. Германските научници откриле дека микробранова радијација од Wi-Fi рутерот сега може да направи 3D слика. Ваквата технологија во иднина ќе може да помогне во потрагата по луѓе затрупани од земјотреси или лавини.
Новите истражувања покажуваат дека хакерите сега ќе може да ги искористат предностите на апаратот за зрачење и да создадат 3D слики на просторот и на луѓето кои се во куќата. Научниците од Техничкиот универзитет во Минхен велат дека им се допаѓа што ќе може да се направи скенирање на просторот, но исто така и да се следат луѓето. Но, не е се така црно. Оваа технологија може да помогне во пронаоѓањето на луѓето настрадани во природни непогоди.
За разлика од оптичките холограми кои бараат скапа ласерска технологија, за создавањето на холограмот со микробранова радијација од Wi-Fi предаватели потребна е само една фиксна и една подвижна антена.
– Со оваа технологија може да се генерира тро-димензионална слика на областа околу Wi-Fi предавателите, рече Фридман Рајнхард. Тој исто така забележува дека оваа технологија ги покренува прашањата за приватноста, но не верува дека ќе се користи за шпионирање на луѓето, бидејќи за тоа ќе треба многуголема антена.