Фејсбук тренира платформа за споделување на кратки видео клипови
Facebook се сопственици на најголемата социјална мрежа на Интернет, но исто така и на популарните апликации како што се Messenger, Instagram и WhatsApp. Компанијата веќе го револуционизира начинот на кој комуницираме и споделуваме содржини со најблиските, а сега дознаваме за нивниот следен интересен проект. Со месеци, софтверските инженери на Facebook работат на иновативна платформа чие кодно име е LOL и е дизајнирана целосно за тинејџерите и најмладата публика.
Всушност, Facebook LOL е „фид“ за споделување на кратки клипови и анимации. Содржината на платформата ќе биде поделена на различни секции како „For You“, „Animals“, „Fails“, „Pranks“ и други. Во прилог на клипови, поставени од корисниците, Facebook ќе покажуваат и специјално избрани видеа од најпопуларните страници на социјалната мрежа. Во моментов, LOL е во бета фаза на развој, а пристап до платформата имаат околу 100 доброволци, објави „ТекКранч“
Желбата на компанијата е да ја претвори LOL во претпочитана платформа за откривање на забавна содржина на интернет за адолесцентите. На овој начин најмладите корисници би поминувале повеќе време во своите профили и ќе ги ангажираат своите пријатели да споделуваат повеќе клипови и да се поактивни во социјалната мрежа. Facebook LOL ќе користи специјални алгоритми кои истовремено ќе покажуваат видео материјали одбрани специјално за секој профил, но и клипови, кои се многу сакани од другите корисници.