Какви очила најдобро одговараат на вашата форма на лицето?
Очилата не само што не штитат од сонцето туку се и еден од омилените модни додатоци кои со мерак ги носиме сите годишни времиња. Основно правило при изборот на идеална форма на очилата е да тој биде спротивен на формата на вашето лице. Значи доколку лицето ви е тркалезно најдобро ќе ви одговараат очила со четвртaста рамка и обратно.
Тркалезно лице .Доколку лицето ви тркалезно т.е имате високи јаготки,мала брада,вие сте среќничка на која и одговара секоја форма на очила.
Четвртесто лице. Доколку ширината на челото и брадата ви е речиси иста,најдобро ќе ви одговараат очила со тркалезна рамка средна големина.
Долгнавесто лице. Доколку имате долгнавесто лице,одлучете се за рамка која ќе го покрие централниот де на лицето. Стаклата треба да бидат големи и тркалезни.
Тркалезно лице. Четвртестите рамки со темна боја се совршен избор за лица со широко и тркалезно лице.
Срцелико лице. Доколку имате нагласени јаготки и широко чело со мала брада и усни,вам најдобро ќе ви одговараат рамки и стакла со средна големина.