Коко Шанел ве советува
„Модата избледува, само стилот останува ист.“
Вака објаснува легендарната дизајнерка Коко Шанел,која почина во 1971, но правилата кои ги воведе во модата и во животот воопшто, се безвремени. Според неа убавината е во едноставноста. Тоа значи дека маиците, фармерките и хеланките кои обожаваме да ги носиме денес не може да се споредуваат со беспрекорната елеганција на стилот на Шанел кој никогаш не исчезнува.
– „Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно.“
-„Пантолоните ги ослободуваат жените.“
-„Совршеното здолниште треба да ги покрива колената.“
-„Обожувајте ги кратките црни фустани.“
„Совршениот костим треба да биде комбинација од женски и машки елементи.“
-„Јакните треба да се меки.“
-„Колку повеќе додатоци, толку подобро.“
-„Чевлите може да се комбинација во две бои.“
-„Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни.“
-„Парфемот е исто толку важен колку и облеката.“