Бои за критичните делови од телото
За да изгледаме убаво треба да ја прилагодиме облеката и нејзината боја во однос на нашата фигура. Познато е дека црната боја и потемните бои воопшто ја прават нашата фигура потенка, но сепак важно е да знаете неколку трикови,за структурата на вашето тело.
Ако сте во онаа група на луѓе кои имаат тело во форма на јаболко, изборот на боја и модел треба да ја сокрие половината, што е најголем проблем. Затоа, облечете темна кошула, а долниот дел нека биде со малку посветли тонови на облека. Оваа комбинација ќе го реши вашиот проблем и вашиот стомак ќе е помалку видлив.
Крушковидна фигура, во која колковите и задникот се изразено поголеми од горниот дел од телото. Решение може да биде темни панталони и посветла гардероба за одозгора. Сепак, избегнувајте комбинација на црни панталони или здолниште, со бела кошула. Носете некои други посветли боја или облечете нешто со набор, тоа ќе ја врати вашата фигура во рамнотежа.
Бели маички и шарени кошули не смеете никако ако имате големи гради. Токму затоа облечете темно сина или зелена боја во горниот дел од гардеробата.