Неколку причини за топла напивка од ѓумбир
Испробајте ја ова вкусна и топла напивка која ќе Ве стопли и ќе помогне да и се спротивставите на настинката и на вирусите.
Еден ѓумбир
1 литар вода
неколку лажици мед
1 лимон
Подготовка:
Излупете го ѓумбирот и сечете го на тенки парчиња. Ставете го ѓумбирот во тенџерето и прелејте го со вода, па ставете го ѓумбирот да се вари околу 15 до 20 минути на умерена температура. Потоа тргнете го од огнот и оставете го да поседи уште 5 минути. Одвојте го ѓумбирот од течноста, во течноста додадете мед и лимон по Ваша желба и пијте дури е топло.
Причини зошто би требало да ја пиете напивката од ѓумбир се:
Го зајакнува телото и имунитетот
Го забрзува закрепнувањето доколку сте болни
Ја намалува мачнината и нервозата во желудникот
Позитивно делува на нервниот систем
Ја поттикнува пробавата и работењето на цревата, па ја намалува надуеноста
Ја поттикнува циркулацијата
Ќе Ве стопли подобро од најдебелото есенско ќебе