Со алое вера до подобро здравје
Алое вера со причина се смета за кралица на лековитите растенија. Од одамна се користи во алтернативната медицина но честа состојка е и во препаратите за нега. Сите лековити својства на ова растение тешко е да се набројат па сега еве ги само најважните.
Варење и затвор – Една лажица гел алое вера може да го реши проблемот со затворот. Алое вера во цревата внесува бактерии кои овозможуваат здраво движење на цревата и добра сила на варење.
Посилен имунитет – Сокот од алое вера познат е по тоа што го зајакнува имунитетот. Алое вера помага во детоксикација благодарение на антиоксидансите кои и содржи.
Слабеење – Алое вера помага и кај губење на килограмите. Бидејќи е потребно време да се свари,телото троши повеќе енергија што доведува до побрзо губење на килограмите.
Здрава и убава кожа – Чаша сок од алое вера може да ви обезбеди здрава и беспрекорна кожа. Бидејќи содржи колаген,алое вера спречува стареење и помага на кожата побрзо да ги поправи оштетувањата. Гелот алое вера е одличен за лечење на изгореници и исеченици.