Намалете го стомакот со вежби
Стручњаците за физичка култура истакнуваат дека единствената вистинска можност да добиете стомачни мускули е да ги следите програмите на тренинг кои покрај вежбите со тегови вклучуваат и кардио вежби, со редуцирано и правилно јадење.
Не обрнувајте внимание на препаратите за намалување на килограми и на машини и справи кои ви ветуваат стомачни мускули од соништата бидејќи сè што ќе ви биде потребно е рамната површина. Секоја вежба треба да се направи со најголем интензитет и да се фокусирате на контракција на стомачните мускули.
– Легнете на подот и свиткајте ги нозете кај колената. Рацете ставете ги зад главата и полека кревајте го горниот дел на телото кон колената. Она што треба да го знаете е дека додека се кревате, контрахирајте ги само стомачните мускули и да не влечите со рамената, вратот и грбот.
– За дефинирање на бочните мускули на абдоменот идеални се стомачни вежби со свиткување. Не е важно колку пати ќе ја направите вежбата туку како ќе ја направите. Фокусирајте се на бавните и контролирани движења.
– За долните стомачни мускули кои лесно се опуштаат и кај мажите и кај жените, одлична вежба е кревање нозе во лежечка положба. Вежбата правете ја полека, бидејќи во спротивно ризикувате при кревањето на нозете да го повредите долниот дел на рбетот.
– Ако висите на вратило, поткренете ги колената рамно и ќе ги ангажирате долните стомачни мускули. Ако нозете ги поткренете во страна ќе ги активирате меѓуребрените стомачни мускули. Сега кога знаете дека за тренинг ви треба само добра волја и желба да изгледате совршено, сè што треба е да се активирате.
– Одлична вежба за активирање на средните и долните стомачни мускули се секако стомачни вежби на коса клупа. На Скотовата клупа ќе можете да ги фиксирате нозете, а секоја контракција ќе можете да ја направите малку по малку менувајќи го аголот