Спречете го опаѓањето на косата
Причините за зголемено опаѓање на косата можат да бидат различни. Жените во поголема мера од мажите, косата ја негуваат со различни препарати кои често и штетат.
Фризирањето, фарбањето, трајното андулирање, гелови и лакови, или пак цврсто затегната пунџа, коњско опавче-можат да остават штетни последици. Шампоните кои на косата и даваат волумен се штетни за вашата коса бидејќи содржат средства кои ја напаѓаат косата, а подоцна и ја јадат. Ако на врвовите од вашата коса забележите распукани влакна немојте веднаш да паничите, употребете некои природни шампони или пак ако веќе е очигледно дека на врвовите им нема спас , посетете го вашиот фризер.
Косата почнува да опаѓа од 20-тата или од 25 годишна возраст најнапред на врвот на черепот, потоа напред и низ целата глава, освен косата во пределот над тилот, над ушите и слепоочниците.
Внимание! Ако косата ви опаѓа во поголеми или помали кружни плочки, страдате од опаѓање во кругови(Алопеција). Ако имате првут или пак ако косата ви опаѓа поради преголемо лачење на масти исто така посвете и внимание.
Исто така, важно е да спомнеме дека косата е огледало на нашиот организам, таа е еден вид на информатор кој ни дава информација што се случува со нашата внатрешна состојба. Проблемите со варењето на храната, болестите поврзани со црниот дроб можат да реагираат на вашата коса. Правилната исхрана е особено важна за изгледот на здравата коса, меѓутоа потребни се 2-3 месеци за ефектот на хранливите материи да стане видлив. Тајната на здравата исхрана која би била огледало за вашата коса е во разновидната исхрана богата со витамини, особено со витамините од Б комплекс. Освен правилната исхрана, за подобар и сјаен изглед на вашата коса ќе придонесе и бавното триење на скалпот со прстите, а тоа ќе помогне косата да биде поцврста, воедно да има здрав раст.
Кога се зборува за третмани кои помагаат за разубавување на косата неопходно е да се спомне коптивата. Познато ни е дека копривата е природна билка која ја прочистува крвта, се покажала како помагател за проблемите со нечистата кожа и целулитот. Не заборавајте чајот од коприва може да биде вистинското решение за проблемите со првутот и мрсната коса која е склона кон опаѓање.