Природен мелем од див костен, природен лек за проширени вени
Дивиот костен е еден од најлековитите плодови на есента, и се користи за намалување на болката во вените, тромбоза, но и смрзнатини.
Препаратите од див костен, кој посебно се препорачува за луѓе кои имаат слаба циркулација, болни вени или хемороиди, треба да се користат веднаш штом се појават првите симптоми на болка. Иако е многу лековит, дивиот костен бавно дејствува, па со превенција и третман на проблемите почнете порано.
Покрај разните козметички производи кои содржат костен, може да се подготви и специјален мелем од ова лековито овошје.
За мелем од костени ви треба 12-15 зрели плодови од див костен (свежо набрани) и 2,5 дл коњак.
Костенот ситно нарендајте го со кората, ставете во стаклена тегла и прелијте со коњакот. Оставете да отстои 6-8 недели. Додадете неколку капки во вода и пијте за циркулација на крвта, проширени вени, хемороиди …