Храната како лек : Зачини кои лекуваат!
Нема ништо поубаво на некое јадење да му се додаде некој зачин кој сте го купиле на пазар или сте го набрале во природа. Освен што му даваат убав мирис на јадењето тие се и лековити.
Босилек
Тој е добар за варење на храната. Одличен е со салати,супи и тестенини.
Рузмарин
Рузмаринот го сметаат и за природна замена за аспиринот бидејќи го смирува нервниот систем и го зајакнува варењето. Одличен е во варива,супи а убав мирис дава и на печеното.
Копар
Копарот ги смирува гасовите и надуеноста. Најдобар е во супи,сосови и преливи.
Кориандер
Кориандерот е ефикасен кај уринарните инфекции а дава арома на зеленчукот и супите.
Магдонос
Магдоносот го освежува здивот. Силен диуретик е одличен кај инфекции на уринарните патишта. Се служи речиси со сите јадења од месо и риба и неодминлив зачин е за супите и чорбите.
Кромид
Лукот е природен антибиотик. Добро се сложува со сите јадења,со риба,маслиново масло,салати и варива.