Белиот зеленчук ја подобрува состојбата на организмот!
Консумирањето на карфиол, лук, печурки и слични производи им овозможува на сите органи да функционираат многу подобро.
Белиот зеленчук подеднакво е важен како и внесувањето на зеленило,покажала најновата студија.
Имено, научниците докажале дека нутритивните вредности на компирот и другиот бел зеленчук често се занемарувани но тоа не значи дека тие производи се помалку здрави од обоените.
Карфиолот, лукот и печурките му ги овозможуваат на организмот неопходните влакна и бројните минерали и витамини.
Професорот Кони Вивер, водач на истражувањето, изјавил дека е важно да се има на ум дека тие производи исто така се богати со калиум и магнезиум.
Покрај тоа компирот содржи и т.н отпорен скроб кој е одличен за варењето, делува антиканцерогено и го намалува нивото на штетен холестерол. Одличен извор е на витамин Б и богат со јаглени хидрати кои на телото му даваат енергија.