Ротквици за висок крвен притисок а хмељ за менструални болки!
Растенијата содржат супстанци кои делуваат на целиот организам па така можат да го ублажат бронхитисот, да ги намалат проблемите со варењето, да ги ублажат менструалните болки но и да го намалат притисокот.
Хмељот ги смирува менструалните болки
Додека цветот се користи како состојка за пивото ова растение содржи супстанци кои делуваат како седативи. Тие можат да ги намалат грчевите кај менструалните болки, тврдат италијанските научници.
Тие состојки имитираат делување на женскиот хормон естроген па исто така можат да ги намалат и тегобите врзани за менопаузата.
За ублажување на менструалните болки доволна е доза од 100 мг хмељ на ден а можно е да се направи и раствор или да се земаат додатоци во исхраната во вид на таблети или прашок.
Ротквици за намалување на притисокот
Диви но и култивирани ротквици имаат ефект за снижување на крвниот притисок благодарение на состојките кои го зголемуваат нивото на моноксид во крвта.
Поради тоа доаѓа до проширување на крвните жили и намалување на притисокот.
Исто така ротквиците имаат големо ниво на калиум што дополнително го намалува притисокот а потребно е да се изедат околу пет ротквици на ден или да се користи прав од сув лист на ротквица.